Business developer

За компанијата: ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор. повеќе за компанијата »

Нашиот клиент Ипсос (https://www.ipsos.com/mk-mk) е една од водечките глобални агенции за истражување. Фокусирани се на истражувања во областа на маркетинг, рекламирање и медиуми, лојалност на потрошувачите и јавно мислење. Длабоко се посветени на истражувањата со цел да обезбедат точни и релевантни податоци за своите клиенти кои ќе им овозможат вистинско разбирање за општеството, пазарите и луѓето. Во Ипсос сакаат да работат истражувања!

За својата канцеларија во Скопје, Ипсос има потреба од нов член на позицијата:

 

BUSINESS DEVELOPER

 

Цел на позицијата:

Пронаоѓање на нови клиенти и одржување контакт  и развој на бизнисот со веќе постоечки клиенти.

Профил на успешниот кандидат:

  • Задолжително е основно знаење во областа на истражувања и методологии
  • Искуство со користење на податоци при носење на деловни одлуки
  • Познавање на бизнисот, разбирање што се случува на страна на клиентот со цел да може да ги утврди потребите на клиентот
  • Познанства со лица во индустријата и способност за воспоставување контакт и комуникација  со високо позиционирани decision-makers во индустријата
  • Разбирање  на бизнис планови и финансиски резултати

Посакувани вештини и квалификации:

  • Диплома од факултет кој има предмети релевантни за истражување на пазарот (статистика, психологија, маркетинг и сл.). Дополнителни дипломи, мастер студии, релевантни сертификати, учество во релевантни конференции дополнително се вреднуваат.
  • Работно искуство кое може да биде стекнато во агенции за истражување на пазар, јавно мислење или медиуми, или искуство во компании на позиции кои се поврзани со маркетинг планирање и анализа на пазар
  • Течно познавање на англиски јазик
  • Добри аналитички, комуникациски и преговарачки вештини
  • Способност за мулти-таск ситуации и способност за работа под притисок и со кратки рокови
  • Развиени презентациски вештини

Понуда

  • Конкурентна плата – понудата ќе зависи од квалификациите и професионалното искуство
  • Работен ангажман со полно работно време, договор за вработување на неопределено време со 4 месеци пробен период

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете CV на [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 30/05/2021. Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.
Со аплицирање за оваа работна позиција, вие сте согласни да го задржиме вашето CV и лични информации во нашата база на податоци, дозволувајќи ни да ве контактираме за некоја идна позиција која е во согласност со Вашите квалификации и интереси. Доколку не сакате Вашето CV да биде зачувано во нашата база на кандидати, наведете го тоа во Вашата електронска порака.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »