Агент за Телефонска Продажба

За компанијата: Onyx Air, компанија со седиште во Њу Јорк, САД, е компанија што организира летови на приватни авиони за своите клиенти. Работиме со повеќе видови на компании, пр. туристички агенции, финансиски институции,... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 3.2023
  • Onyx Air
  • Активен до 07.04.2023
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Скопје
  • Веб: flyonyxair.com

Позиција: Агент за Телефонска Продажба 

(со или без големо искуство) 

 

Бараме мотивирани поединци да се приклучат кон нашиот тим како агенти за претквалификација, комуникација и продажба за пазарот во САД. Како агент, во прва фаза, ќе бидете одговорни за генерирање на контакти, остварување повици до потенцијалните клиенти, нивна претквалификација и закажување на состаноци. Во следната фаза, можно е да се прошири одговорноста и за продажба на производите што ги нуди нашата компанија. 

 

Позицијата се нуди со опција за работа на далечина (од дома). Би можело да се направи договор со полно вработување или пак на договор на дело. Се нуди опција со полно и со скратено работно време. 

 

Одговорности:

  • Правење на појдовни повици до потенцијални клиенти

  • Исполнување на дневни и месечни цели/таргети за обем на повици и продажба

  • Закажување на состаноци со потенцијални клиенти 

  • Пронаоѓање на контакт информации од конкретни (именувани) потенцијални клиенти

  • Периодично истражување на потребите на клиентите

  • Презентација на услугите и производите 

  • Водење точна евиденција за сите направени повици и постигнати резултати

  • Придржување до политиките и процедурите на компанијата

 

Барања:

  • Одлично познавање и течно говорење на англискиот јазик 

  • Одлични вербални и комуникациски вештини

  • Способност за уверување и ефективно преговарање

  • Основни компјутерски вештини и познавање на MS Office

  • Способност за адаптација со различни типови на карактери и клиенти 

  • Подготвеност за работа со флексибилни часови, вклучувајќи вечерни (поради временската разлика со САД) 

  • Претходно искуство во телефонска продажба.

 

Нудиме конкурентна компензација, бонус систем, подготовка и обука на кандидатот и сеопфатни придобивки и можности за раст и напредок во рамките на компанијата.

 

Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно ги поседувате потребните квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете го вашето CV и кратка биографија на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака: Агент за телефонска продажба – Onyx Air 

 

Onyx Air, компанија со седиште во Њу Јорк, САД, е компанија што организира летови на приватни авиони за своите клиенти. Работиме со повеќе видови на компании, пр. туристички агенции, финансиски институции, болници, но и директно со клиенти/патници. Се работи за нова, но многу брзо-растечка компанија, во интересна, гламурозна, но и многу профитабилна индустрија. Повеќе информации може да најдете на нашата веб страна:  https://flyonyxair.com/

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »