Работоводител на работилиште

За компанијата: МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер SIVEC® кој се вади од рудниците лоцирани... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Мермерен Комбинат АД Прилеп:

Оператор на рударска опрема

Мермерен Комбинат АД Прилеп има потреба од: РАБОТОВОДИТЕЛ НА РАБОТИЛИШТЕ – 1 извршител

ПРОФИЛ НА УСПЕШЕН КАНДИДАТ:

  • Средно стручно образование – Рударски техничар, со работно искуство
  • Високо образование – Дипломиран рударски инженер

ГЛАВНА  ЦЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА:

  • Организација и контрола на севкупните процеси на работа на експлоатација на мермерна минерална маса во соодветното работилиште и работниците во својата смена.
  • Обезбедување услови за квалитативно и квантитативно извршување на поставените работни задачи и плански цели согласно планот на ОЕ.

ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА:

  • Ја организира и контролира работата на работниците во својата смена.
  • Во текот на целото работно време е присутен во работилиштето со работните групи и води евиденција за присутноста и редовноста на работниците со кои раководи во смената, согласно месечниот распоред.
  • Учествува во правилно оформување на блокови и томболони од соборените ламели.
  • Се грижи за исправноста на машините, производната опрема, алатот и средствата за работа со кои е задолжена смената.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • Тимски ориентирана личност,
  • Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
  • Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
  • Професионалност во работењето.

ШТО НУДИМЕ:

  • Одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
  • Конкурентен пакет за наградување

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на македонски јазик на е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “апликација за работно место „РАБОТОВОДИТЕЛ НА РАБОТИЛИШТЕ”.

Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати.Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »