Менаџер за кафе бар во Скопје

За компанијата: Our mission is “To bridge the gap between the ideal candidate and the ideal career choice.” This enables us to share our knowledge and insight to both our clients and candidates throughout the recruitment... повеќе за компанијата »

Бараме посветен, проактивен и енергичен Менаџер, кој ќе го организира секојдневното работење и ќе го мотивира нашиот персонал да обезбеди одлична услуга за клиентите и кој ужива да работи во возбудлива средина со брзо темпо во локал во Карпош, Скопје.

Менаџерот на локалот ќе биде одговорен за планирање и  извршување на секојдневните операции на локалот и организирање на настани, вклучувајќи распоред на персоналот, обука на вработените, градење и одржување на позитивна работна атмосфера, набавки, следење на финансиите и одржување на чисто и безбедно работно место.

Исто така, истиот ќе биде одговорен за негување на односи со клиентите, решавање на проблемите и се стремење да создадат популарен и реномиран локал.

Се бара:

  • Машки или женски пол
  • Работно искуство како Супервизор или Mенаџер во угостителски објект
  • Достапност за работа во рамките на работното време (вклучувајќи викенди и празници)
  • Одлични комуникациски вештини со способност за управување и мотивирање на тим
  • Професионален став, фокусиран на односи со клиентите
  • Познавање на Англиски јазик е плус

Се нуди:

  • Позитивна атмосфера, фокусирана на добросостојбата на вработените
  • Можност за раст во кариерата
  • Плата доследна според индустриските стандарди
  • Одлични бонуси со однапред одредени цели и таргети

Заинтересираните кандидати можат да го испратат нивното резиме на [најави се за да го видиш е-маилот] или да се јават на 070953985 за повеќе информации.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »