Асистент за продажба Охрид

  • Објавен пред 2 недели
  • b watch 1920
  • Активен до 15.06.2021
  • Позиција: Продавач/трговец
  • Локација: Охрид

(преземи го огласот во Word)

b watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот асистенти за продажба во салонот во Охрид.

Потребни ни се кандидати кои се подготвени да се докажат и научат неопходни вештини за продолжување на својата кариера со искусен тим за продажба.

Краток опис на работните задачи и одговорности:

- грижа за имиџот на компанијата

- примена на стандардите за работа

- градење и негување добри односи со потрошувачите

- ориентираност кон препознавање на потребите на потрошувачите

- примена на продажни вештини

- презентирање на нови производи и акции

- евиденција на документи во малопродажба

- прием и изложување на часовници и накит согласно пропишани процедури

- одржување на хигиена во продажниот салон

Потребни квалификации:

- развиени комуникациски вештини и подготвеност за тимска работа

- желба за понатамошно учење и развој

- совесност, одговорност и самомотивираност

- флексибилност и способност за адаптација

- самоиницијативност

- трпеливост

- способност за работа под притисок

- најмалку завршено средно образование

- општо познавање на MC Office програмите и интернет

Потребна документација:

- CV не постаро од 6 месеци

- пријавено образование во агенција за вработување

Вие добивате:

- мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се на прво ниво

- можност за работа со докажан тим за продажба и уникатна шанса за унапредување на знаењето во областа на продажба

Предност ќе имаат апликанти со работно искуство во продажба и комуникација со клиенти.

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920 .

Ве покануваме доколку имате интереси и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата  и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 15.06.2021 год.  на [email protected]

                                                                                                                                                        Ве очекуваме,

                                                                                                                                                    Тимот на b watch 1920