
За компанијата: www.evit.mk е онлајн аптека во Македонија, основана во 2021 година. Со над 5.000 задоволни клиенти и 1.200 дневни органски посетители, платформата нуди широк избор на фармацевтски и козметички производи....
повеќе за компанијата »ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Изготвување на понуди и документација;
- Креирање на нарачки од добавувачи;
- Телефонска поддршка за крајни корисници;
- Материјално евидентирање;
- Објавување и ажурирање на цени и производи на веб-страница (се обезбедува соодветна обука);
- Извршување на други обврски во согласност со интерниот опис на работното место и стручната подготовка.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено високо образование (ВСС) – доктор по медицина, стоматологија или дипломиран фармацевт;
- Искуство на слична позиција не е задолжително, но претставува предност;
- Развиени комуникациски и интерперсонални вештини;
- Способност за тимска работа и соработка;
- Организираност, аналитичност и флексибилност;
- Вештина за работа во динамично опкружување и со крајни рокови;
- Професионален пристап, работна етика и доверливост;
- Проактивност и иницијативност;
- Познавање на MS Office пакетот и работа со интернет;
- Познавање на англиски јазик (пишан и говорен).
РАБОТНИ УСЛОВИ:
- Пријатна и динамична работна атмосфера;
- Постојано стручно усовршување и можност за професионален развој и напредок;
- Мотивациски бонуси за постигнати резултати;
- Плата по договор.
- Работно време: Понеделник – Петок, од 08:00 до 16:00 часот.
- Локација: Деловни простории во Центар, Скопје.
Слични огласи »