Друштвото за Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје поседува лиценца за дистрибуција на топлинска енергија и има потреба од вработување на 1 (едно) лице, динамично и мотивирано да работи во мултидисциплинарна работна средина за пополнување на позицијата:
Оператор
Задачи и одговорности
- Врши оперативно поврзување на процесите во одделението: мониторинг и управување со дистрибутивниот систем и прием и евиденција на рекламации и интервенции;
- Извршува преслушување на телефонските јавувања, СМС и веб (мејл) пораките од корисниците, а по потреба и прием на рекламации на локалниот телефон или лично од странките;
- Извршува прием и предавање на рекламација на извршител и евиденција на примената/предадената рекламација;
- Ги евидентира завршените интервенции по јавување од извршителите на кои им е предадена рекламација;
- Прави контрола на примените и предадени рекламации кон теренските извршители, на завршените и незавршени интервенции, на затворените објекти и слично;
- Комуницира со потрошувачите, извршителите на терен и сервисите за внатрешна инсталација заради реализација на основните работни задачи во одделението;
- Ја следи работата на дистрибутивниот систем и топлинските станици, врши подесување на режими на греење/редукција и читање на состојби на мерачи преку системот за мониторинг;
- Извршува прием на информација за настанат/отстранет прекин во испорака на топлинска енергија на делови од системот (дефекти на топланите или затворени водови) и истата ја евидентира заради информирање на корисниците;
- Извршува прием на информација за губење на вода од топланите и за поголеми течења на водови и информацијата ја предава на Сменскиот инженер и на одговорното лице од одделението за одржување на дистрибутивниот систем;
- Врши испитување на загуби на вода преку мониторинг системот, со далечинско затварање на шахти и координација со монтери на терен;
- По налог на претпоставениот работи и други работи кои се во рамките на неговата стручна квалификација;
- Одговорен е за правилно користење на средствата за работа и известување до надлежните служби во случај на отказ на истите;
- Работи во смени според месечниот распоред за работа, а во случај на потреба и прекувремено;
- Управува службено моторно возило
Критериуми за избор
- Степен на образование –ССС-техничко образование
- Вработување на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време
- Со и без работно искуство
- Предност ќе имаат кандидатите со искуство од греење
- Возачка дозвола “Б” категорија
- Работно време 40 часови неделно
- Работникот ќе работи во смени (06-14; 14-22; 22-06)
- Основна нето плата – 22.000 денари
Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија а во предвид ќе бидат земени сите пријави со биографии доставени само на начин:
Електронски:
Message to: [најави се за да го видиш е-маилот]
Subject: Пријава: Оператор
По пошта:
Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје,
Ул. „Лондонска“ бр. 8 , 1000 Скопје
Пријава: Оператор
Рокот за пријавување е 5 дена од денот на објавување. Изборот на кандидатите ќе биде извршен во законски определениот рок: до 200 кандидати - 45 дена, до 500 - 90 дена и над 500 - 120 дена, по изминување на рокот за пријава. Сите пријави кои ќе пристигнат по наведениот рок нема да бидат земени во предвид.
Лице за контакт: Јагода Петрова, тел. 02/5514-026.
Слични огласи »