Менаџер на канцеларија

Туристичка агенција АГЕНТУР ДООЕЛ Скопје има потреба од:

Менаџер на канцеларија

Отворена позиција за репрезентативна личност со добри организациски вештини и ефикасност која ќе гарантира дека секојдневно операциите се одвиваат непречено. Идеалниот кандидат треба да поседува природна способност да се носи со секојдневните предизвици и да биде флексибилен да се справи со се што може да се најде на патот. Треба да биде силна и сигурна поддршка за работењето на компанијата, одржување и креирање на поцедури, комуникација и мотивација за вработените. 

Обврски и задачи:

  • Координација на обврските на вработените со цел максимална ефикасност
  • Мотивација на вработените за тимска работа
  • Организација на смени и одмори
  • Водење евиденција и контрола на наплата на излезни фактури
  • Водење евиденција и контрола на плаќање на влезни фактури
  • Документација за инспекции и сертификати за агенцијата
  • Организација, одржување и водење на веб страни и социјални медиуми
  • Следење и учество на јавни набавки
  • Креирање пакети за развој и ширење на понудата

Потребни вештини и квалификации:

  • 2+ години менаџерско искуство (предност туризам)
  • Вешт во менаџирање на времето и персоналот, флексибилност и мултитаскинг
  • Напредни компјутерски вештини и искуство со онлајн платформи
  • Добро познавање на Microsoft Office со можност за учење нови софтвери и системи
  • Добри комуникациски и преговарачки вештини
  • Самоиницијатива
  • Тимска работа
  • Задолжително познавање на англиски јазик 
  • Познавање во областа на дигитален маркетинг
  • Предност е претходно работно искуство во областа на туризмот. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »