Производен инженер

За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ПРОИЗВОДЕН ИНЖЕНЕР

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Дава техничка поддршка на вработените во производство, користејќи листа на материјали, работилнички цртежи и работни упатства;
  • Известува за технички проблеми и го води процесот при изнаоѓање на решение во соработка со инженеринг тимот на Ван Хоол Белгија;
  • Директно го води процесот при промени во дизајнот и листата со материјали;
  • Иницира, собира, рагледува, проценува и проследува до инженеринг тимот на Ван Хоол Белгија предлози за подобрување на производствениот процес и дизајнот на возилата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС – Машински инженер;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Познавање и работа со графички софтвер AutoCAD, Solidworks се смета за предност;
  • Предност ќе имаат апликантите со искуство во автомобилската индустрија, или во сервисирање и одржување на моторни возила.

ШТО НУДИМЕ:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на https://vanhool.com/mk, во делот Кариери”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »