Менаџер на продажен салон (store manager)

За компанијата: Брендот b watch 1920 е многу добро познат кај нас. Датира уште во далечната 1920 год, започнувајќи како семејна традиција на продажба, дистрибуција како и сервисирање на висококвалитетни часовници и накит. повеќе за компанијата »

Активни огласи од b watch 1920:

Aсистент за продажба- Скопје

b watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот Менаџер на продажен салонот во Скопје (store manager)

Потребни ни се кандидати на возраст од 20 до 40 години кои се подготвени да се докажат и научат неопходни вештини за продолжување на својата кариера со искусен тим за продажба.

Краток опис на работните задачи и одговорности:

  • Креирање и имплементација на таргети
  • Испорачува неделен/квартален план за продажба према раководител за малопродажба
  • Продажни активности во салон
  • Планирање и подготовка за набавка на роба
  • Управување со жалби и поплаки
  • Грижа за имиџот на компанијата
  • Примена на стандардите за работа
  • Градење и негување добри односи со потрошувачите
  • Ориентираност кон препознавање на потребите на потрошувачите
  • Примена на продажни вештини
  • Презентирање на нови производи и акции
  • Евиденција на документи во малопродажба
  • Прием и изложување на часовници и накит согласно пропишани процедури
  • Одржување на хигиена во продажниот салон
  • Останати задолженија дадени од надлежни

Потребни квалификации:

  • развиени комуникациски вештини и подготвеност за тимска работа
  • желба за понатамошно учење и развој
  • совесност, одговорност и самомотивираност
  • флексибилност и способност за адаптација
  • самоиницијативност
  • трпеливост
  • способност за работа под притисок
  • најмалку завршено средно образование
  • општо познавање на MC Office програмите и интернет

Потребна документација:

  • CV не постаро од 6 месеци
  • пријавено образование во агенција за вработување

Вие добивате:

  • мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се на прво ниво
  • можност за работа со докажан тим за продажба и уникатна шанса за унапредување на знаењето во областа на продажба

Предност ќе имаат апликанти со работно искуство во продажба и комуникација со клиенти.

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920 .

Ве покануваме доколку имате интереси и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата  и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 12.12.2023  год.  на [најави се за да го видиш е-маилот]

  Ве очекуваме,

  Тимот на b watch 1920

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »