Оглас за пракса во Артисофт

  • Објавен на 11.2016
  • Артисофт
  • Активен до 24.11.2016
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 091/366-366

Компанијата Артисофт има потреба од проширување на тимот. Со таа цел имаме потреба од практиканти, кои по завршената пракса ќе имаат и можност за вработување во нашата компанија. Кандидатите  треба да се во последната студиска година.

Потребен е профил на личност која знае да размислува проактивно, сака да стекнува нови вештини и знаења и преку тимска работа да го даде својот придонес во насока на постигнување на целите на компанијата. Се нуди можност за одлични услови за работа и професионална надоградба.

Работниот ангажман за време на праксата опфаќа 40 часовна работна недела со флексибилно работно време.

Потребни квалификации:

  • Основни познавања од областа на: HTML, CSS, JavaScript, PHP, …
  • Основни познавања од областа на бази на податоци: PostgreSQL, MySQL, Oracle, …
  • Солидно познавање на англиски јазик.
  • Кандидатите со познавање на ColdFusion ќе имаат предност.

Опис на работно место:

  • Организирана работа во тим;
  • Full stack development
  • Комуникација со клиенти;

Заинтересираните кандидати можат да ги достават своите CV-а на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака За пракса во Артисофт “. Рокот за пријавување е до 4.12.2016 година. 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »