Претставник за Продажба

За компанијата: Onyx Air, компанија со седиште во Њу Јорк, САД, е компанија што организира летови на приватни авиони за своите клиенти. Работиме со повеќе видови на компании, пр. туристички агенции, финансиски институции,... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 5 месеци
  • Onyx Air
  • Активен до 12.08.2024
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Цела Македонија
  • Веб: flyonyxair.com

Позиција: Претставник за Продажба

Начин на Работа: Работа од Дома

Компензација: Плата + Бонус (Американски Долари)

Како да се аплицира (ЧИТАЈ): Доколку сте заинтересирани, испратете го вашето CV и кратко видео (2-3 минути) опишувајќи зошто сметате дека сте добар кандидат на [најави се за да го видиш е-маилот]  

СИТЕ МАТЕРИЈАЛИ МОРА ДА БИДАТ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК.

----------------------------

Onyx Air е компанија со мисија да го поедностави летањето и да ја промени авијациската индустрија. Бараме мотивирани и страсни поединци да се приклучат кон нашиот продажен тим.

Вашата работа главно ќе се врти околу пронаоѓање на потенцијални клиенти и спроведување на активности за привлекување и промовирање на нашата компанија до потенцијалниите клиенти за нашата главна понуда - приватни чартер летови.

Мора да имате став дека се приклучувате на тим со мисија, а не дека аплицирате за обична работа. Потребна е енергија и желба за успех.

Ние сме млада компанија, и ова би била одлична можност за секој кој е заинтересиран да се приклучи на динамичен и посветен тим. Onyx Air ќе ви обезбеди многу можности за раст и развој на вашата кариера во рамките на компанијата.

Можете да работите од дома или од било каде, се додека сте подготвени да работите по американските работни часови, зборувате течно англиски, и сте отворени за предизвик и да научите нешто ново.

Работни обврски:

  • Пронаоѓање и истражување информации за потенцијални клиенти преку онлајн алатки за продажба (LinkedIn Sales Navigator, Apollo, итн.)
  • Спроведување на активности за привлекување на потенцијални клиенти преку различни канали: cold calling (главно), email outreach, social selling, итн.
  • Презентација и промоција на услугите на компанијата
  • Закажување (и подоцна одржување) на состаноци со квалификувани потенцијални клиенти
  • Периодично истражување на потребите и трендовите на клиентите
  • Следење на сите активности во CRM
  • Постигнување на неделни и месечни продажни цели

Квалификации:

  • Потполнo течно говорење на англискиот јазик (задолжително)
  • Подготвеност за работа по американските работни часови (задолжително)
  • Најмалку 1 година искуство во слична продажна улога 
  • Познавање на различни алатки за пронаоѓање клиенти (Sales Navigator, Apollo, итн.)
  • Одлични вербални и писмени вештини
  • Способност за убедување и ефективно преговарање
  • Способност за работа со различни типови на луѓе
  • Аналитички и методичен пристап кон работата, со големо внимание кон деталите
  • Упорен, мотивиран и отворен карактер. Подготвеноат да се преземе иницијатива.

Доколку сте заинтересирани, испратете го вашето CV и кратко видео (2-3 минути) опишувајќи зошто сметате дека сте добар кандидат на [најави се за да го видиш е-маилот]  

СИТЕ МАТЕРИЈАЛИ МОРА ДА БИДАТ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »