Пракса во оддел за сметководство и финансии

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Нептун Македонија:

Референт за продажба во Битола

ПРАКСА ВО ОДДЕЛ ЗА СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ

локација: Скопје (Визбегово)                                                   активен до: 28/01/2022

Во текот на праксата ќе имаш можност да се запознаеш со прибирање и обработка на податоци врз основа на сметководствени документи, влезно-излезна документација, евиденција на сметководствени настани поврзани со трансакциски сметки во банка, внес и креирање на калкулации и останато теоретско и практично знаење од областа на сметководство и финансии.

Практичната работа ќе ти овозможи стекнување компетенции како: ефективна комуникација, развиено чувство на одговорност кон зададена задача, колегијалност и тимска работа, способност за ефикасно справување со различни приоритети истовремено, како и солидна основа за градење кариера во областа.

Потребни квалификации:

* Студенти на завршна година или дипломци на факултетите за економски науки

* Солидно познавање на англиски јазик (пишан и говорен) и MS Office програмите

* Одлични комуникациски и интерперсонални вештини

* Самоиницијативност и желба за учење и постигнување резултати

* Позитивен став и тимска ориентација

Ние нудиме:

  • Практикантска работа во времетраење од 3 месеци
  • Платен надоместок од 10.000денари
  • Редовно работно време: 08:00 - 16:00 часот

Доколку си заинтересиран/а да ја започнеш својата кариера во најголемата водечка малопродажна мрежа за потрошувачка електроника, да бидеш дел од возбудливи проекти во динамична средина и да учиш од вистински професионалци, те покануваме да ја испратиш својата кратка биографија, а ние наскоро ќе те контактираме. 

ДОЗВОЛИ ТВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА БИДЕ ПРЕПОЗНАЕН!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »