Оператор во алатница

За компанијата: Американската компанија ,,АРЦ Аутомотив’’ е светски производител кој произведува целосна програма на автомобилски инфлатори за воздушни перничиња (возач, патници, странични завеси). Компанијата има 60 -годишна историја. повеќе за компанијата »

ARC автомобилската индустрија, АД е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Со 70 годишно искуство  на дизајн, експертиза и технологија, ARC е посветена на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи,

 АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје бара да вработи:

  1. Оператори во алатница

Оператор во алатница ќe биде дел од тимот на одржување. Преку дефинирани задачи, ќе придонесува за оптимално функционирање на секторот за инженерство и одржување, како и целиот процес на производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња со целосно ангажирање за заедничко извршување на задачите и грижа за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа. Притоа треба да развива добри односи со вработените и  да биде отворен за нови знаења.

Работата се извршува во смени.

Квалификации на кандидатите:

  • IV степен на стручна подготовка (техничко училиште), Работно искуство од 1 до 3 години во производствена средина
  • Способност да ги разбира да ги следи и применува инструкциите во процесот на подготовка на глодалка и струг, инсталирање и подесување на стегачки алатки, правење на запчаници, вратила, пиксни, како и остранување на проблеми во текот на производниот процес.
  • Одржување на опремата со имплементирање на превентивно, предиктивно и корективно одржување, како и следење на инструкциите зададени од компанијата.
  • Следење на документацијата по завршување на производство и запазување на квалитетот со архивирање на податоците во текот и по изработката на делот.
  • Висока посветеност на постигнување на бараниот квалитет на производот

Конкурентски предности

  • Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
  • Организациски способности
  • Динамичност, мотивираност, иницијативност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Тимско работење и кооперативност

Кандидатите треба да ја приложат следнава документација

1, Мотивациско писмо за аплицирање на огласот;

2, Биографија (CV);,

3, Доказ за завршено образование;

4. Дополнителни дипломи и сертификати.

Кандидатите треба да ги исполнат и општите услови предвидени со Закон.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје обезбедува  еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување .

Документите треба да се достават до „ АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со назнака за  Оператори во алатница до Сектор за управување со човечки ресурси на  e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »