Одговорно лице за регулатива и регистрација на производи

                             НОБЕЛ ИЛАЧ САНАЈИИ ВЕ ТИЏАРЕТ А.Ш. Претставништво Скопје  

                                                      Ул. Мајка Тереза 27, 1000 Скопје

За здравјето вреди

Секој ден,нашата сила и најсилни напори ги посветуваме на здравјето.Секој чекор во Нобел,создава вредност во здравството.  

Нобел Илач е основана во 1964 година. Денес, Нобел работи со вкупно пет производствени објекти и спроведува промотивни и продажни активности преку свои претставништва во повеќе од 20 земји низ светот.

Имајќи кадар од околу 3000 вработени кои се експерти во нивните области, Нобел извезува свои производи во 50 земји.

Нашата мисија “Да се ​​подобри квалитетот на човечкиот живот” со тоа што работиме со мотото „Сè вреди за здравјето“, и нашата визија “Да се ​​обезбеди пристап до сигурни, висококвалитетни производи за човековото здравје ширум светот“, се двигателот кој го одредува и пристапот кон нашите човечки ресурси.  Ние ја цениме личната сатисфакција го вреднуваме и подржуваме задоволството на вработените, го вреднуваме нивниот труд и допринос и вложуваме во нивниот развој и доусовршување.

Со цел да го подобриме квалитетот на животот на луѓето, со ефективни и висококвалитетни производи произведени според меѓународните стандарди, Нобел ги спроведува своите активности за промоција и продажба со свои организации во Европа и Азија, во согласност со истите етички и одамна воспоставени стандарди кои се вкоренети во Турција.

“Достојни за Вас”, на вработените во Нобел им нудиме работна атмосфера каде владее чувство за припадност и желба за работа, истовремено овозможуваме едукативна и кариера на која нашите вработени се гордееат.

ШТО БАРАМЕ:   ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА РЕГУЛАТИВА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ

Пријавените кандидати треба да ги исполнуваат следните услови

  • Дипломиран фармацевт или магистер по фармација.
  • Сертификат од областа на фармаковигиланца.
  • Работно искуство во областа на регистрација на лекови и познавање на законската регулатива во областа со најмалку 3 годишно искуство.
  • Одлично познавање на MSOffice.
  • Одлично познаваање на англиски јазик (усна и писмена комуникација), турски ќе се смета за предност.

Од кандидатите за потребната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични квалитети:

  • Одлични комуникациски вештини.
  • Способност за ефикасно работење во канцелариска средина, индивидуална и тимска работа.
  • Способнот за добро управување со времето и поставување на приоритети.
  • Иницијативност и проактивност.
  • Работа со дадени рокови.

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Подготовка и поднесување на документација за регистрација, обнова и варијации  на лекови, како и останати активности поврзани со регулаторните барања за ставање на лекови, гранични производи, додатоци на исхрана и слично, во промет.
  • Следење на прописите од областа на регулативата во Р. С. Македонија и ЕУ регулатива и нивно усогласување.
  • Следење и спроведување на системот на фармаковигиланца;
  • Работење во електронскиот систем на Агенција за лекови, системот за фармаковигиланца.
  • Секојдневна комуникација со лица одговорни за постапките кои се водат во Агенција за лекови и медицински средства.

ШТО НУДИМЕ:

  • Можност за кариерен раст.
  • Едукации за стручен и личен развој.
  • Работен однос: полно работно време во траење од 40 (четириесет) часа неделно.
  • Работно време: од 08.30 до 16.30h, од понеделник до петок.                                                                               

Доколку сакате да станете член на нашиот тим, испратете биографија на македонски јазик и англиски јазик со ознака Oдговорно лице за регулатива и регистрација на производи на  [најави се за да го видиш е-маилот]  .  Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »