Книжар/ка за книжарницата во Капитол

За компанијата: Сакам книги е издавачка куќа која го следи трендот на книгите - секогаш со нови и феноменални изданија, преводи на нови книги по многу прифатливи цени. Издавачката куќа Сакам Книги ја водат неколку едноставни... повеќе за компанијата »

Бараме книжар/ка за книжарницата во Капитол. Самата позиција во трговски центар подразбира работа во смени, за викенди и празници, кои секако се дополнително платени според Законот за работни односи. Од кандидатите очекуваме да имаат добро познавање на изданијата на Сакам Книги, а пожелно е и работно искуство на иста или слична позиција. Од нас може да очекувате супер тим/колеги за работа, позитивна и креативна средина каде што ќе уживате да работите, флексибилност и разбирање, соработка и отворен ум за вашите идеи/предлози, фиксна плата со доплата за работење недели и празници, плус бонуси. 

Потребни квалификации и вештини:

  • Познавање на книжевнотo портфолио на Сакам книги
  • Работно искуство на иста или слична позиција
  • Познавање на работа со Microsoft Excel
  • Познавање на работа со социјални мрежи (Facebook, Instagram)
  • Основно познавање на материјално и финансиско работење

Задачи и одговорности:

  • Продажба во книжарница во трговски центар, што подразбира подготвеност за работа во работното време на истиот трговски центар.
  • Административна работа (креирање и евиденција на фактури и други материјални документи како и дневно/неделно евидентирање на готовинските уплати. Правење нарачки и извештаи за книжарницата итн.)
  • Комуникација со соработници и читатели/купувачи
  • Дополнителни задачи по барање на претпоставен менаџер  

Личен профил:

  • Одлични комуникациски способности и професионален однос
  • Одговорна, лојална, љубезна личност и тимски играч
  • Подготвеност за работа во смени
  • Позитивен и проактивен пристап кон работата 
  • Предност ќе имаат креативни лица со искуство во продажба или издаваштво кои ќе можат да придонесат со нови идеи за унапредување на продажбата и целокупната работа

Избраниот кандидат ќе биде комплетно обучен да ракува со нашиот систем за продажба, како и темелно обучен за сите останати задачи кои ќе му бидат препуштени.

Заинтересираните кандидати може да испратат свое резиме на  [најави се за да го видиш е-маилот] , а пишете ни и неколку збора плус зошто и како се гледате на ова работно место во нашата издавачка куќа. Ќе се земат предвид само кандидатите што ги исполнуваат условите. Огласот е отворен до 01.10.2022.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »