(преземи го огласот како слика)
Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија 6. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори. На тој начин имаме вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност
Поради отворање на нов салон во Скопје, имаме потреба за проширување на тимот, бараме компетентни и добро обучени луѓе насочени кон остравување на резултати, склони на тимска соработка со желба за нови знаења и вештини, и кои би биле заинтересирани за работната позиција:
Монтер на мебел во Скопје
Потребни способности и квалификации:
• Mотивирана и стабилна личност;
• Организираност, систематичност и темелност во работата;
• Навремено исполнување на обврските зададени по налог на претпоставениот;
• Способност за тимска работа и одговорност;
• Позитивен став и професионално однесување;
• Возачка дозвола Б категорија;
• Со или без претходно работно искуство во монтажа на мебел.
Опис на работни обврски:
• Монтажа на мебел во салоните на Прима мебел;
• Монтажа на мебел во домовите на потрошувачите;
• Работниот ангажман вклучува теренска работа во Скопје и на територијата на државата.
Нудиме:
• Едукација и опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
• Стимулативни примањa;
• Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
• Систем на наградување на успешните вработени.
Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.
Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака монтер на мебел во Скопје.