Продажен персонал

ОПИС

ГАЛА НУТС 2015 ДООЕЛ Скопје, за своите продажни места (пиљари) под брендот Мисс Гала, има потреба од продажен персонал. Пиљарите се лоцирани во населба Ново Лисиче, населба Маџари и општина Илинден.

Одговорности и задачи: 

  • Прием и редење на роба, работа на каса
  • Грижа за хигиена и изгледот на продажното место
  • Познавање и постојано следење на асортиманот и карактеристиките на производите

Од кандидатите очекуваме:

  • посветеност и флексибилност за работа
  • способност за индивидуална и тимска работа
  • одговорност, мотивираност и стабилност

Што добивате:

  • редовни и навремени месечни примања/плата
  • почетна плата од 18.000 денари, плус додатоци и бонуси за успешно работење

Пријавувањето се врши исклучиво со испраќање на кратка биографија (CV) со скорешна фотографија најдоцна до 15.08.2021 год на следниот маил:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со нагласување на местото за кое се пријавувате (Н.Лисиче/Илинден/Маџари) за работната позиција. По приемот на апликациите, кандидатите ќе бидат повикани на разговор на продажното место за кое аплицираат. Контакт: 078/308-866

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »