Комерцијалист

За компанијата: ПОЧЕТОЦИ И ИСТОРИЈА КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени. Зад успехот на КАМ... повеќе за компанијата »

Активни огласи од КАМ ДОО ИЛИНДЕН:

Соработник за ERP системи

(преземи го огласот како слика)

 

КАМ ДОО е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји во регионот со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.

Дали сакате да бидете дел од нашиот тим во сектор Набавка на работната позиција:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ

Услови кои треба да ги исполнувате:

  • Завршено Економски, Земјоделски, Ветеринарен или Технолошки факултет
  • Минимум 5 години работно искуство во Fast-Moving Consumer Goods (FMCG) индустријата; предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во набавка/продажба.
  • Одлично познавање на англискиот јазик; познавањето и германски ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office); познавањето на софтверот Enterprise Resource Planning (ERP) ќе се смета за предност
  • Способност за тимска работа, работа под притисок и почитување на предвидените рокови
  • Изразени лидерски и комуникациски способности
  • Поседување одлични преговарачки, аналитички и организациски вештини.

Ваши задачи и одговорности:

  • Преговори со добавувачи за набавка на категориите кои се работат
  • Управување со доделениот асортиман, изготвување стратегија за набавка во согласност со интерните барања на компанијата за квалитет и цени
  • Анализа на асортиманот, создавање и развој на сопствени брендови, градење на стратегија на цени
  • Контрола и обезбедување на залихи на стоките
  • Активно учество во процесите за подготовка на маркетинг активностите
  • Следење на пазарот и конкуренцијата
  • Изготвување предлози за планирање, имплементација и подобрување на организацијата и ефикасноста на работата.

Ние Ви нудиме:

  • Обемно воведување во работата, со обука која ветува напредок и успех во работењето. Интензивно ќе бидете обучувани од ментор и ќе се запознаете со инструменти кои подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршување на деловните задачи
  • Атрактивна плата + дополнителен бонус во зависност од успешноста во извршувањето на работните задачи
  • Регрес, речиси 3 пати поголем од законски пропишаниот
  • Бонус за препорачан пријател за работа
  • Слободен ден за роденден
  • Платено колективно осигурување
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за спортска опрема
  • Картичка за спорт
  • Пакет за новороденче
  • Училишен пакет производи 
  • Пакет производи за верски празници согласно вероисповест
  • Попуст за одмор во хотелот „Вилиџ“ во Охрид
  • Работа во интернационална компанија,.динамично работење исполнето со новипредизвици и можности за стекнување нови искуства, вештини и напредување во кариерата.

Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани сте и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) по пошта на адреса:

КАМ ДОО, Персонален оддел, ул. 35 бр. 39, 1041 Илинден

или на E-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Апликација за работа можете да испратите и онлајн преку нашата интернет-страница: www.kam.com.mk

Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »