Платена практикантска работа

Друштвото за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС ДООЕЛ - Скопје има потреба од ангажирање на млади лица – ПРАКТИКАНТИ на работно место – Асистент за јавни набавки, во времетраење од 3 месеци.

Во склоп на предвидениот ангажман, практикантите ќе стекнат знаење и практично искуство во областа на јавните набавки.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (Економски или Правен факултет);
  • Работно користење на (office пакетот);
  • Солидно познавање на англиски јазик;

Потребни способности и вештини:

  • Развиени аналитички вештини;
  • Проактивност кон стекнување нови знаења и континуиран напредок;
  • Способност за тимска работа.

Друштвото нуди:

  • Динамична, развојна и пријатна работна средина;
  • Организирана менторска работа и воведна обука во областа;
  • Флексибилно работно време;
  • Можност за постојано вработување;
  • Месечен надомест согласно одредбите од Законот за практиканство.

Посакуван профил на кандидат е личност која размислува проактивно и е во потрага по нови вештини и знаења.

Кандидатите кои имаат интерес потребно е да ја достават својата кратка биографија преку нашата онлајн апликација: https://bit.ly/2kpDkgU или на следнава електронска пошта [најави се за да го видиш е-маилот]  

Краен рок за аплицирање: 06.09.2019г.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »