РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА-ТЕТОВО

  • Објавен пред 2 недели
  • Нептун Македонија
  • Активен до 13.10.2019
  • Позиција: Продавач/трговец
  • Локација: Тетово

НЕПТУН е дел од најголемата инвестициска групација на Балканот – Балфин Груп, распространета во земјите на Балканот и Југоисточна Европа со инвестиции од областа на малопродажба, недвижности, енергетика, туризам, образование, градежништво и банкарство. Со годишен обрт од 500 милиони ЕУР и 5.000 вработени во сите компании, Балфин Груп претставува влијателен и активен учесник во економскиот раст и развој во регионот.

 

Нептун Македонија претставува водечка и најголема малопродажна и дистрибутивна мрежа за производи од потрошувачка електроника, со повеќе од 20 годишно присуство на македонскиот пазар и над 400 вработени. Нашата уникатност, препознатлив имиџ и вредностите кои ги претставуваме се широко прифатени помеѓу потрошувачите.

 

Поради понатамошен развој на своите операции и проширување на тимот, распишуваме оглас за вработување на:

 

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Со место на вршење на работните задачи во Тетово (1 извршител)

 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • ССС
  • Поседување на одлични комуникациски и вештини за продажба
  • Претходно работно искуство во продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet Explorer 
  • Познавањето на англиски и албански јазик е пожелно
  • Позитивен став, тимски дух, желба за учење и постигнување успех
  • Задолжително е поседување возачка дозвола- Б категорија

 

Одговорности и работни задачи:

  • Услужување на купувачите и продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема
  • Работа со документи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон
  • Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба
  • Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон

 

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Можност за остварување на дополнителен продажен бонус и наградувања;
  • Работа во смени, вкупно 40 часа неделно; понеделник – сабота

 

 Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете ја Вашата кратка биографија на e-мail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака: Референт за продажба во Тетово или преку пополнување на веб апликацијата.

 

Огласот е активен до 13.10.2019 година.

КЛИКНИ