За компанијата: ФАС-ВАС ВАСКО ДООЕЛ е водечка дистрибутивна компанија за сите типови на филтери и моторни масла и мазива на територијата на Република Македонија. Oснована е во 1992 година како мала компанија во приватна...
повеќе за компанијата »Поради потребите за продажба и презентација на сопствените услуги, Фас-Вас Васко ДООЕЛ, објавува оглас за следното работно место:
Менаџер за продажба
Потребни квалификации:
- Високо образование,
- Минимум 2 години претходно работно искуство во продажба,
- Активно користење на MS Office програмот,
- Одлично познавање на англиски јазик,
- Амбициозност, проактивен пристап кон работата, самостојност, одговорност.
Одговорности и задачи:
- Презентација и директна продажба на услугите и производите на компанијата,
- Унапредување и одржување на деловната соработка со постоечките клиенти,
- Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата,
- Истражување на пазарот, развој на стратегии и проактивни активности за подобрување на работењето на компанијата,
- Анализирање на добиените информации од клиентите и предлагање на најсоодветна понуда за компанијата,
- Работа на терен.
Способности и професионални вештини:
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини,
- Ориентираност кон клиенти,
- Мотивирана и стабилна личност,
- Динамични, самоиницијативни, креативни и насочени кон резултати,
- Способни за работа под притисок и кратки рокови,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Поседување возачка дозвола Б категорија - Активен возач.
Работната позиција е за територијата на Р. Македонија. Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испртете го Вашето CV преку копчето „Аплицирај“ или на маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Само кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост