Курир

За компанијата: Hello Post - најдобрата и најголема компанија за достава во Македонија! Hello Post нуди достава на писма, пакети и габаритни пратки. Hello Post има канцеларии во 36 градови низ Македонија и секојдневно ја опслужува целата земја! Најдобар партнер за било кој бизнис, домаќинство, е-трговија... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Новиот лидер на пазарот на поштенските услуги, најголемата интернационална специјализирана компанија за достава во Република Македонија, има потреба од проширување на тимот во Скопје на позицијата: 

Курир за реон Скопје

Доколку сте заинтересирани за работа која не се извршува во затворена просторија, доколку сакате работа во движење и комуникација со луѓе, сакате динамика во работните задачи и го обожувате возењето во Скопскиот сообраќај тогаш сте на вистинскиот оглас за работа

Квалификации:

  • Одлично познавање на градот Скопје и околните места
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Искуство со користење на мобилен уред

Опис на работни задачи:

  • Достава на пратки на терен, со користење на службено возило
  • Грижа за опремата за работа
  • Предавање и примање на поштенски пакети

Нудиме:

  • Одлични современи работни услови
  • Фиксна плата + мотивирачки бонус за работна успешност
  • Пријатна работна атмосфера

Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата Ве молиме испратете ја Вашата апликација (CV)  преку полето АПЛИЦИРАЈ, со назнака „ Курир” во насловот на пораката.  

Напомена:

  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
  • Потребно е кандидатот да е со место на живеење во Скопје

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »