Соработник за Корисничка и тимска поддршка

Плата од 22.000 ден. до 24.000 ден.

За компанијата: Paket.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава истиот ден. Сервисот е едноставен за користење – процесот за купување и достава на нарачките е објаснет подолу: повеќе за компанијата »

Сакаш да работиш 4 дена во неделата? Прочитај и аплицирај веднаш!

Работи како Оператор за корисничка и тимска поддршка во Paket.mk - најголемиот онлајн супермаркет во Македонија.
Очекувана заработка од 22.000 до 24.000 денари.

Работните часови се распоредени во 4 дена од понеделник до сабота. Недела секогаш е неработен ден.

Многу можности за учење и напредок. Работа со најсовремени системи за корисничка поддршка, софистицирани системи за материјално работење, како и еден од најсовремените системи за следење на доставата во Македонија.

Локација: Кисела Вода (Пинтија).

Потребни минимални квалификации:
- Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
- Одлични способности за изразување, говорење и пишување
- Одлична способност за тимска работа и проактивност
- Одлични општи способности за користење на канцелариски софтвер
- Желба за учење и усовршување
- Исклучителна педантност, одговорност и исполнителност во работата

Аплицирај веднаш и ќе те контактираме за 2-5 дена.

Аплицирај со испраќање на CV и кратко мотивациско писмо на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »