Директор на Производство

За компанијата: Охрид Органикс е компанија за медицински канабис со мисија да го подобри квалитетот на животот на поединците кои се соочуваат со здравствени предизвици. Нашиот најсовремен капацитет за одгледување се наоѓа... повеќе за компанијата »

Директор на производство

Работни задачи и одговорности:

  • Врши контрола на процесите на сушење, мерење, примарно и секундарно пакување на цвет и означување на пакувањата;
  • Изработка и контрола на стандардни оперативни постапки, работни упатства и обрасци кои се однесуваат на производните постапки;
  • Врши следење и контрола на амбиенталните услови и хигиената во Сектор Производство;
  • Активно учествува во Системот за управување со квалитет, преку пријавување на девијации, преземање на соодветни корективни и превентивни мерки како и изработка на ризик анализи поврзани за делот на производство и процесирање на цвет од канабис;
  • Да обезбеди спроведување на почетна и континуирана обука на персоналот, прилагодена на нивните потреби, во делот на Добра производна пракса, фазите на производство и процесирање на цвет од канабис, примарно и секундарно пакување и означување на материјалот;
  • Врши проверка на почетни материјали и одговорен за требување на материјал кој влегува во производствениот погон;
  • Проверка на записи, дневници, регистри, одржување на опрема во производство како и калибрација и квалификација на опремата;
  • Да гарантира дека производите, се произведуваат и чуваат во согласност со барањата од соодветната документација, со цел постигнување на бараниот квалитет;
  • Да одобри упатства, кои се однесуваат на производните постапки и да обезбеди нивна доследна примена.

Потребни квалификации:

  • ВСС – Завршени студии, додипломски и мастер по фармација и Специјализација по фармацевтска технологија;
  • Потребно е соодветно работно искуство во полето на производтво (фазно производство, готови фармацевтски форми, примарна и секундарна амбалажа);
  • Солидно познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
  • Познавање на англиски јазик (писмена и усна комуникација);
  • Способност за самостојна работа, менаџерски способности, развиени аналитични способности, внимание на детали, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники.

Услови кои ги нудиме:

Организиран превоз од Компанијата;

Обезбедено сместување од Компанијата за вработени од други градови;

 

При изборот за најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција проследен со интервјуа.

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на следнава e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »