Друштвото за сервисирање и одржување на електронски уреди за широка потрошувачка СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, распишува оглас за вработување на:
Помошник Монтажер на клима уреди, со место на вршење на работните задачи во Скопје.
Од кандидатот очекуваме:
- Завршено средно образование, пожелно насочено стручно училиште,
- Изразена желба за учење и напредување во струката,
- Претходно работно искуство не е задолжително,
- Одговорност, систематичност и организираност,
- Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија,
- Способност за работа со временски рокови и подготвеност за работа на висина,
- Основно познавање на работа со компјутер,
- Пожелно е поседување на возачка дозвола Б категорија.
Задачи и одговорности:
- Асистирање при монтирање и демонтирање на клима уреди,
- Следење и асистирање при дијагностицирање и остранување на настанати дефекти,
- Точно и редовно следење на работните налози,
- Редовно известување до претпоставените за напредокот во работните активности и евентуалните пречки,
- Одржување комуникација со клиентите за временски рокови,
- Континуирано учење.
Услови за работа:
- Обезбедена обука од страна на искусен и професионален тим на сервисери,
- Почетна нето плата во износ од 12.000 денари, со можност за зголемување во идниот период кога ќе биде обучен за самостојна работа,
- Работно време: 40 часа неделно.
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: “Оглас за Помошник Монтажер на клима уреди”
Огласот е активен до 28.01.2018
Општи правила за аплицирање:
- Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот) и мотивациско писмо (име и презиме на апликантот) на македонски јазик,
- Назнака на позицијата за која се аплицира,
- Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во СЕРВИС МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.