Customer Care Assistant

За компанијата: ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор. повеќе за компанијата »

Нашиот клиент, интернационална компанија со долгогодишна традиција во областа на убавината и здравјето, објавува оглас за отворена позиција

Customer care assistant

Ако сте проактивни, организирани, професионални, уживате во работа со луѓе и давање на беспрекорна услуга  и сакате да се развивате на личен и професионален план, ве покануваме да аплицирате!

 

Идеалниот кандидат ќе ги има следниве одговорности:

  • Информирање на клиентите за тековни понуди
  • Понуда на нашата палета на производи согласно интересот на клиентот
  • Прием и проверка на роба и испратници од добавувачите
  • Одржување хигиена во изложбениот салон

 

Услови кои треба да се исполнуваат:

  • Претходно искуство во трговија на мало како продавачи и работа со фискална каса
  • Развиени компјутерски вештини посебно Excel
  • Одлично познавање на Англиски и Македонски јазик
  • Силно развиени комуникациски вештини
  • Способност за брзо прилагодување во нови средини
  • Високо ниво на професионалност, одговорност и способност за учење во динамична средина
  • Силен тимски дух, односно, насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа
  • Одговорност, лојалност, професионалност
  • Совесност, самодисциплинираност, самоинцијативност
  • IV степен стручна спрема или ВСС
  • Работно искуство во интернационална компанија ќе се смета за предност

 

Што се нуди:

  • Одлична стартна плата и бенефиции
  • Теоретски и практични обуки, водени од врвни професионалци во својата област
  • Можност за развој на кариерата во рамките на интернационална компанија

     

Доколку сметате дека сте вистинскиот кандидат за оваа позиција, испратете ваше CV на [најави се за да го видиш е-маилот] до 28 Јули 2017 со назнака Customer care assistant. Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Апликациите ќе бидат третирани со строга дискреција.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »