Нова Државна Видео Лотарија НОВО ВЛТ лого

Асистент за правни работи и јавни набавки

Плата 50.000 ден.

 

Друштвото за организирање електронски игри на среќа Нова Државна Видео Лотарија НОВО ВЛТ ДОО Скопје, со адреса на ул.50та Дивизија 24а, Скопје,  е нова компанија во состав на НОВОМАТИК групацијата чија основна дејност е: организирање на електронски игри на среќа.

                НОВО ВЛТ ќе биде модерна, профитабилна компанија, која ќе ги постави стандардите за општествена одговорност од самиот нејзин старт.

Во тек е формирање на сосема нов тим. За таа цел ги охрабруваме сите оние што ги исполнуваат основните потребни услови и што се спремни да ги вложат своите капацитети и ентузијазам пред сите предизвици што ги носи една новоформирана компанија да аплицираат за следнава работна позиција:

Асистент за правби работи и јавни набавки

Потребни  квалификации:

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, правни науки;
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење (MS
  • OFIS, WORD EXCEL и POWER POINT);
  • активно познавање на англиски или германски јазик;
  • да поседува Сертификат од Бирото за јавни набавки;
  • да поседува возачка дозвола Б категорија;
  • најмалку 1 (една) година работно искуство во струката.

     Општи работни компетенции:

  • Способност за организација и самоорганизација
  • Да има знаење на работата од својот делокруг, особено правни работи, управување со човечки ресурси, јавни набавки, и заштита на лични податоци;
  • Ориентиран кон учење и развој и остварување резултати,
  • Способен за работа во тим,
  • Комуникативни способности.

  Работниот однос се склучува на неопределено време.

      Распоред на работно време

  • Работни денови: понеделник-петок
  • Работни часови: 40 неделно
  • Работно време: од 08:00 до 16:00

Рок за пријавување: 5 работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот.

Изборот ќе се изврши во рок од : 10 дена по завршување на периодот на огласување.

 

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »