Фармацевтски техничар во Контрола на квалитет

За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да... повеќе за компанијата »

АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон  високо квалитетно производство на лекови  во Република Северна Македонија.

Фармацевтски техничар во Контрола на квалитет

 

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

 

  • ССС (фармацевтски техничар/хемиски техничар);
  • Број на извршители: 2
  • Минимум 1 година соодветно работно искуство во полето на контрола на квалитет на суровини, фазно производство, готови фармацевтски форми, примарна и секундарна амбалажа.
  • Солидно познавање и работење со аналитички инструменти и лабораториска опрема за определување на физички параметри;
  • Солидно познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
  • Познавање на англиски јазик (писмена и усна комуникација);
  • Способност за самостојна работа, развиени аналитични способности, внимание на детали, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники.
  • Одговара непосредно на Координатор.

Работни задачи:

 

  • Следење на системот за контрола на квалитет во аналитичка лабораторија преку  одржување на документи во системот, вклучувајќи, барања, налози, упатства, записи, обрасци, стандардни оперативни постапки итн;
  • Контрола, следење и анализа на физички параметри на суровини, примарна и секундарна амбалажа, фазно производство и готови фармацевтски производи, препарати поставени на стабилност/развојни серии.
  • Работа со аналитички инструменти и лабораториска опрема за определување на физички параметри;
  • Издавање на сертификати за суровини, полупроизвод и готови лекови;
  • Узорцирање на суровини, примарна и секундарна амбалажа, фазно производство и готови фармацевтски производи, препарати поставени на стабилност/развојни серии.
  • Одговара непосредно на Координатор.

 

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 12.01.2021

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »