Оператор за чистење

За компанијата: Подигнувањето на свеста за неопходноста од редовно и професионално одржување на хигиената на високо ниво во просториите во кои делуваме и живееме и зголемената побарувачка и потреба од ваквиот вид на услуги... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред една недела
  • Протач Дооел
  • Активен до 03.08.2021
  • Позиција: Хигиеничар
  • Локација: Скопје

Протач Дооел има потреба од вработување на машко лице на позиција оператор за чистење (длабинско перење на тапациран мебел и душеци, машинско чистење на подови и теписони, чистење и репарација на природна кожа, хемиско чистење на возила и сл.) во станбени и деловни простории.
Нудиме сериозност, коректност, почитување и исклучително пријатна работна атмосфера.
Плаќање на дневници на трансакциска сметка, со можност за вработување на неопределено време.

Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование
- Возачка дозвола Б-категорија
- Интерес за работа за чистење и одржување на хигиена
- Учтивост
- Одговорност
- Дискретност
- Работоспособност
- Комуникативност
- Педантност
- Тимска работа

Вашето CV испратете ни го на [email protected] со наслов: вработување.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани од наша страна.

www.protouch.mk