За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани...
повеќе за компанијата »Триглав Осигурување АД, Скопје Ве поканува да аплицирате на огласот за вработување за работното место:
Стручен соработник за штети од доброволно здравствено осигурување
НА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ МУ НУДИМЕ:
Динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал.
Работа во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на Групацијата.
Можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Одговорност за целокупниот процес на решавање на штети од доброволно здравствено осигурување:
- Утврдување на основаност на оштетни барања,
- Коресподенција и комуникација со клиенти и надворешни соработници и
- Останати активности поврзани со процесот на решавање на штети од подрачјето на работа.
МЕСТО НА РАБОТА:
Седиште на Друштвото во Скопје
ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:
- Високо образование од областа на правни науки или фармација.
- Солидно познавање на Microsoft Office;
- Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
- Подготвеност за континуирано стручно усовршување.
ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:
Ќе се смета за предност претходно искуство во подрачјето на работа и/или фармација.
Со цел вашата апликација да биде земена предвид при процесот на селекција, Ве молиме поднесете ја преку линкот во прилог, не подоцна од 22.12.2024:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0NTX000003pcEP
Слични огласи »