Електро техничари – техничка контрола

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

Активни огласи од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ ИЛИНДЕН:

Автолакер/припремач - фарбара

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран белгиски производител на автобуси и комерцијални возила, со годишен капацитет на произвoдство од околу 1,400 автобуси и 3,000 комерцијални возила. Van Hool од Белгија е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајн и производство на високо квалитетни и современи производи.

Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАРИ – ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Поврзување со напојување, батериите, детектирање и отсранување на дефекти
  • Солидно познавање на Инсталација на софтвер, програмирање и подесување на параметри
  • Почетно стартување на автобусот
  • Проверка на инструмент табла со инструменти (додека работи моторот) + детекција и отстранување на дефекти
  • Дијагностицирање со компјутер на ( мотор, менувач, АБС, ЕСЦ) и бришење на датотеката со грешки

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Минимум средно образование од техничките струки
  • Познавање на Законската регулатива од областа на безбедност и здравје при работа
  • Способност за читање на техничка документација
  • Способност за прецизна работа со детали
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови
  • Течно зборување и пишување на Англиски јазик

Што нудиме:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;
  • Можност за професионално усовршување и обука кај еден од најреномираните производители на автобуси;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 17/06/2021