Оглас за вработување во Ле Гранд Казино - Скопје
Со повеќе од 25 години на пазарот, Ле Гранд Казино е едно од најстарите казина во нашата земја, синоним за перфектно искуство во светот на игрите на среќа.
Ле Гранд Казино Скопје вработува ШАНКЕР.
Работни одговорности на Шанкер во Ле Гранд Казино:
- Подготвува и послужува пијалоци во согласност со нарачките од гостите;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
- Води евиденција за залихата на пијалоци;
- Други одговорности соодветни на работното место Шанкер.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
- Лојалност и чесност;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Тимски играч и колегијалност;
- Личност која со ентузијазам ќе ги учи и применува работните задачи;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и спретност.
Потребни квалификации:
- Минимум ССС;
- Познавање на странски јазик ќе биде предност;
- Искуство во угостителство ќе се смета за предност;
- Работа во три смени.
Локација: Ле Гранд Казино - Скопје
Тип на вработување: Полно работно време
Рок за пријавување на огласот: 10.04.2022
Како да аплицирате:
Пратете ни ја Вашата комплетна апликација (CV и Мотивационо писмо) на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете „Шанкер – Ле Гранд Казино Скопје“.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски – Сектор за Човечки ресурси, К.А.К. ДОО
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- К.А.К. ДОО е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.