Сервисер во техничка служба

За компанијата: Ппревзема активности концентрирани во испорачување на интегрирани решенија за обележување, контрола, пакување и етикетирање на производите. повеќе за компанијата »

ЕЛМЕД ДОО Скопје е компанија која ја гради својата успешна приказна на македонскиот пазар од 1991 година.

Со тим заснован на професионалност и ентузијазам во пристапот кон најновите технологии во областа на индустриското обележување, презема активности концентрирани во испорачување на интегрирани решенија за обележување, контрола, пакување и етикетирање на производите. Во 1995 година своето искуство го проширува и во доменот на продажба, инсталација, сервис и целокупна техничка поддршка на апарати во медицинскиот сектор.

Поради зголемен обем на работа и проширување на работните активности , имаме потреба од нов колега кој би ни се придружил во нашиот успешен тим на позиција:

Сервисер во техничка служба ( локација: Скопје, населба Илинден )

Работни задачи:

- Инсталација и одржување на индустриска опрема за обележување и контрола во производство

- Поддршка при презентација на опремата

- Техничка поддршка на корисниците на нашата опрема по пат на е-маил, телефон и директно на терен

- Водење на документација во согласност на правилата на компанијата

Општи услови:

- Минимум завршено IV степен стручна спрема во областа на електро-машинската индустрија

- Пожелно работно искуство во индустрија

- Возачка дозвола Б категорија 

- Познавање на англиски јазик

- Работа на компјутер

- Точност, посветеност, лојалност, смиреност, одговорност

- Спремност за работа на терен и патување

Нудиме:

- Редовна исплата

- Обуки и стручно усовршување

- Прилика да бидете дел од нашиот динамичен и креативен тим.

Доколку мислите дека вашиот профил одговара на нашите барања, вашето CV испратете го на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака ''Конкурс за работа''

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »