Машински техничари во одржување - 3 (три) извршители

За компанијата: Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Цементарница УСЈЕ АД Скопје:

Production engineer

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност


Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
Машински техничари во одржување  - 3 (три) извршители


Машинскиот техничар во машинско одржување ќе биде задолжен за извршување на браварски активности (сервис, заварување, сечење, брусење, подесување, центрирање и слично) на машинската опрема која се користи во производниот процес.

Примарна цел на машинските техничари е да извршуваат ефикасни, квалитетни и навремени сервисни активности на опремата во работни услови и за време на ремонт како би се обезбедила континуирана работа со минимален број на застои и максимална искористеност. Се грижи за исправноста, контролата на состојбата и правилно ракување со алатот, како и за чистотата и уредноста во погонот. Се грижи за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на експлоатација. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот. Основната плата за работното место е од 18.800  денари.

Квалификации на кандидатите: 

  • ССС/IV степен на стручна подготовка, машински техничар
  • Работно искуство во одржување од најмалку 1 година, ќе се смета за предност 
  • Лиценци за заварување, користење вилушкари, работа на височина ќе се сметаат за предност 
  • Познавање на работа на компјутер, ќе се смета за предност 
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност

 
Конкурентски предности:

  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност 
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми

    
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:   

  • Мотивациско писмо 
  • Биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование


Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност 
за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје
http://www.usje.com.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »