Бараме финансов работник за во одделот за финанси кој има амбиции, афинитети и способности да прерасне во Менаџер на одделот за Финансии.
Кандидатите треба да имаат завршено више или високо образование, да имаат базни до напредни познавања во областа на финансиско работење, да знаат да работат на Компјутер во WORD и EXCEL и добро да го знаат пишаниот Македонски и Англиски јазик.
Платата за време на периодот на обука (од 1 до 2 месеци) ќе биде 20.000ден, за да со превземање работните обврски порасне на 30.000, 40.000 и 50.000ден и тоа во зависност од ефикасноста, прецизноста и самосталноста во извршувањето на работните обврски.