Доставувач за сервис

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

ДОСТАВУВАЧ ЗА СЕРВИС

активен до: 05.03.2024

Одговорности и работни задачи:

  • Ги прима пријавените производи за сервис од магацините и врши достава на примените производи до овластените сервиси, на територија Скопје;
  • Врши прием на сервисираните производи од овластен сервис;
  • Доставува сервисирани производи до продажните салони на компанијата во Скопје или до магацините
  • Прима и доставува производи од/за сервис со целокупната пропратна документација;
  • Врши проверка при прием/достава на производи од/за сервис, во смисла на нивната физичка исправност (скршени, механички оштетени и слично);
  • Врши истовар и утовар на производите при транспорт на производи од/во овластен сервис;
  • Асистира во водењето на евиденција на оштетени производи;
  • Извршува работи поврзани со манипулација на резервни делови;
  • Класифицирање на апаратите за отпад по брендови и месеци
  • Управува со службено патничко возило за пренос на производи од/во овластен сервис

Потребни квалификации:

  • мин. ССС
  • Возачка дозвола со чисто возачко досие
  • мин. 2годишно искуство во возење, пожелно искуство со комбе
  • Високо ниво на одговорност, педантност, точност и квалитетно извршување на работните задачи
  • Високо развиени комуникациски способности
  • Претходно работно искуство во областа ќе се смета за предност
  • Познавање на процедури поврзани со сервис и достава

Работното време: понеделник – петок: 08:00-16:00; 

Доколку имате интерес за ваков тип на работа и ги исполнувате бараните критериуми, ве покануваме да аплицирате на означеното поле.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »