Медицински претставник

За компанијата: Компанијата Креавива е веледрогерија која се занимава со увоз и дистрибуција на стоматолошки материјали. Компанијата е официјален дистрибутер за Македонија и Албанија Швајцарскиот бренд Ihde Dental AG.... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

Позиција:

Медицински претставник

 

Потребни квалификации:

  • Завршено ВСС – доктор по стоматологија / медицина или дипломиран фармацефт;
  • Искуство на иста позиција не е задолжително, но ќе се смета како предност;
  • Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачи;
  • Одлично познавање и непречена комуникација на Англиски и Албански ќе се смета како предност;
  • Валидна возачка дозвола (Б-категорија);
  • Одлични организациски способности и вештини на планирање;
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини.

 

Личен профил:

  • Желба за работа и продажба
  • Одговорност и ориентираност кон резултати
  • Проактивност и иницијативност
  • Подготвеност за патување во Македонија и соседните земји
  • Посветеност на работата и реализација на зададените цели
  • Лојалност, комуникативност и позитивен став кон работата

 

Одговорности и задачи:

  • Понуда, промоција и презентација на стоматолошки производи од реномирани производители;
  • Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и стоматолошки работници;
  • Учество и организација на семинари за обука и останати стручни собири;
  • Редовни извештаи;
  • Прием, организација и дистрибуција на стоматолошките средства;
  • Следење на залихата на производи и учество во процесот на нарачки.

 

Ние нудиме:

  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Конкурентна плата;
  • Динамична работа во канцеларија и на терен од 08:00 до 16:00 од понеделник до петок;
  • Бонуси за надреализација во продажба.

 

Дополнително:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »