Оператор во Магацин

(преземи го огласот во Word)

Работно место: Оператор во магацин

Сектор: Набавка и логистика

Оддел: Магацин

 

Компанијата Бадел 1862, согласно со потребите, распишува оглас за работната позиција оператор во магацин.

Работни обврски:

  • Прием, складирање (редење и пакување), обележување и утовар на производи
  • Аплицирање акцизни маркички на производите во магацинот за акцизни производи
  • Подготовка и пакување украсни и акциски пакувања за потребите на продажниот тим
  • Визуелна контрола на магацинот
  • Преместување, прередување и распределување производи во магацинот согласно потребите
  • При прием, сладирање и утовар на готови производи водење евиденција и изготвување соодветна документација според работно упатство  за складирање и утовар на производи во магацин
  • Контрола на квалитетот на производите и нивното складирање и чување во магацинот
  • Ефикасна и ефективна помош и поддршка во работатата на раководителот на магацинот
  • Работење според инструкциите за работа во организациската единица
  • По налог на претпоставен врши и други работи и работни задачи во истата или друга организациска единица за кои претходно има добиено соодветна обука

Организациски обврски:

  • Однесување во согласност со вредностите на компанијата
  • Ентузијазам, одговорност и чесност во работењето
  • Самодисциплина и посветеност кон работата
  • Одговорно, квалитетно и навремено извршување на работните обврски и задачи
  • Одговорност кон својата работа во случај на несакани грешки и пропусти
  • Позитивно прифаќање на сугестии и конструктивен фидбек
  • Креативност во наоѓање поефективни и поефикасни начини за завршување на работата
  • Желба за учење и развој
  • Вклученост во развојот на компанијата преку свои предлози и идеи за оптимизирање и подобрување на системите, работните процеси и начинот на работа

Компанијата Бадел 1862 е повеќе од 30 години на македонскиот пазар и е лидер во увоз и продажба на алкохолни производи во Македонија.  На вработените им нуди пријатна работна атмосфера и одлични услови за работа, редовна исплата на платата и другите надоместоци, како и можност за напредување во кариерата.

Доколку сте инспирирани и мотивирани да се приклучите на нашиот тим, можете да ни пратите кратка биографија (CV) на  [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 25.06.2022

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »