Овернет ДМД има потреба од ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ МРЕЖИ кои ќе му се придружат на нашиот тим во Одделот Оператива.
Пол: машки/женски
Старосна граница: без ограничување
Бражен статус: без ограничување
Потребни квалификации:
ССС
Пожелно е ССС од електротехничка насока или сродна
Работно искуство:
Не е задолжително
Пожелно е работно искуство во делот на поставување на бакарни или оптички мрежи, нивно поврзување, мерење и сертифицирање
Лесно прилагодливи се техничари кои немале директен допир со телекомуникациска ннфраструктура но имале искуство со нискострујни инсталации (камери, безбедносни системи, аларми и слично)
Главни одговорности и задолженија :
Инсталирање на комуникациска и електронска опрема на терен
Монтажа на телекомуникациска инфраструктура на терен
Помошни градежни работи
Мерење и сертифицирање на телекомуникациска инфраструктура
Грижа за алатот и материјалот за работа при извршување на работните задачи
Следење и извршување на работните задачи доделени од страна на Раководителот
Отстранување на отпадниот материјал по извршена работа
Подготвување на извештај за извершените активности и укажување на проблеми при инсталација и монтажа
Почитување на безбедносните процедури и стандарди
Почитување на работните процедури и тимска работа
Способности :
Основни познавања од ИКТ доменот,
Способност за управување со мерни инструменти и алат
Компјутерска писменост
Тимска работа
Способност за организација на сопствените работи ангажмани
Возачка дозвола Б категорија
Спремност и способност за стекнување со нови знаења
Посакувани способности:
Kвалификација за инсталер
Способност за управување и одржување на машини за дување на оптички кабли и компресори
Способност за работа и одржување на машини за спојување на оптички влакна (сплајсери)
Ц и Е испит за возачка дозвола
Работа на висина (до 12 метри) на телекомуникациски бандери со качувалки (без корпа и без скала).
Работно искуство
Животно искуство
Основен алат за работа:
Хилта, штрафилица, рачен алат, агрегати, обичен тестер за бакарна мрежа, мерач на ниво на оптички сигнал за оптичка мрежа
Специфичен алат за работа:
Дувалки за оптички кабли, сплајсер, компресори, сертификатор на бакарна мрежа, OTDR
Работни услови:
Воглавно теренско работење на територијата на Скопје и повремено низ цела Македонија.
Договор на една година со пробен период од 3 месеци.
Плата нето 15.000,00 до 18.000,00 денари.
Висината на платата зависи од спремноста за извршување на задачите.
Можност за работа во Словенија.
Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија на следнава е-mail адреса:
[најави се за да го видиш е-маилот]