Плата од 45.000 ден.
(преземи го огласот како слика)
Друштвото за консалтинг РАФАЈЛОВСКИ КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје објавува:
ОГЛАС
за пополнување на слободно работно место
ПРАВЕН КОНСУЛТАНТ
Работниот однос ќе се заснова, со полно работно време со 40 часа неделно, на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на договорот и трансформација на истиот на неопределено време.
ШТО НУДИМЕ?
1. Дополнително приватно здравствено осигурување;
2. Компетитивна нето плата од најмалку 45.000 денари;
3. Можност за доквалификации;
4. Пријатна работна атмосфера;
5. Работно време од 09:00 до 17:00 ч.
Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:
1. Завршено Високо Образование (ВСП - Правен Факултет);
2. Положен правосуден испит;
3. Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office);
4. Со или без работно искуство.
Потребни документи:
• Писмо за интерес;
• Биографија (CV);
• Уверение за завршено високо образование;
• Уверение за положен правосуден испит.
Документите да се достават на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат земени во предвид само заинтересираните лица кои потребните документи ќе ги достават по e-mail.
За повеќе информации побарајте нè: 02/3088-900.