Продавач - Скопје (3)

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Нептун Македонија:

Референт за продажба во Битола

Tрговско друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737)

Поради отворање на нов продажен салон, распишува оглас за вработување на:

ПРОДАВАЧ

Со место на вршење на работните задачи во Скопје – 3 позиции

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • ССС;
  • Поседување на вештини за продажба; 
  • Претходно работно искуство во продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема ќе се смета за предност;
  • Познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet Explorer;   
  • Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност;

Одговорности и работни задачи:

  • Услужување на купувачите и продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема;
  • Работа со документи поврзани со секојневното функционирање на продажниот салон;
  • Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба;
  • Други работни задачи поврзани со секојневното функционирање на продажниот салон;

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Платена пробна работа во времетраење од 1 месец;
  • Почетна основна нето плата во износ од 14.399 денари со можност за остварување на дополнителен продажен бонус и наградувања;
  • Редовна плата во износ од 18.143 денари;
  • Работа во смени, 6 денови во неделата, 40 часови неделно.

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака:  “Оглас за продавач во Скопје”.

Огласот е активен до 19.10.2017 година

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот) на македонски јазик
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »