Фармаген: Стручен соработник

Стручен соработник за продажба

Потребни квалификации:

  • Завршен фармацевтски, медицински или стоматолошки факултет.
  • Лиценца за работа
  •   Минимум една година искуство на иста или слична позиција.

Лицeто ќе биде одговорно за стручна промоција на лекови, додатоци на исхрана, козметика и медицински помагала согласно законските прописи преку:

  • оддржување редовни работни состаноци со лекари/фармацевти/стоматолози/техничари и други лица од приватни и јавни здравствени установи;
  • организирање на стручни акредитирани предавања наменети за лекари/фармацевти/стоматолози;
  • организирање на семинари, конференции, конгреси, со цел остварување на зацртаните маркетингцели во конкретниот регион од државата.

Други карактеристики за работното место:

  • Поднесување редовни извештаи до работодавачот за реализираните активности и остварени цели.
  • Постојана достапност за работодавецот.
  • Патувања и надвор од границите на Република Македонија по барање на работодавецот и  претставување на правното лице како во РМ така и надвор од РМ.
  • Целосен работен однос (40 часа неделно), со работно време од 8:00 до 16:00.
  • Познавање на минимум странски јазик: англиски (говорен и пишан).
  • Познавање и користење на програмски пакет: Microsoft Office, Adobe.
  • Поседување одлични комуникациски вештини, организираност, одговорност, доверливост, и педанстност, желба за учење и напредување.
  • Поседување возачка дозвола (Б категорија) и искуство во возење.
  • Стручниот соработник ќе биде континуирано едуциран како за производите, така и за останатата материја поради квалитетно извршување на работните задачи и напредување во работата.

Регион:

  1. Ќе се дефинира дополнително.

 

Кандидатите треба да испратат кратка биографија (CV) на следната адреса:

[најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 30.09.2017

Задолжително да се наведе градот на живеење.

Сите апликации ќе бидат третирани со доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »