Телефонски oператор за корисничка поддршка

Друштвото за сервисирање и одржување на електронски уреди за широка потрошувачка СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, распишува оглас за вработување на:

 

Телефонски oператор за корисничка поддршка​ - со место на вршење на работните задачи во Скопје

                                    

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • ССС/ВСС,
  • Пожелно е познавање на карактеристиките и функционирањето на аудио/видео опрема, ИТ опрема и бела техника,
  • Поседување на одлични вербални способности и вештини на ефективна комуникација со клиенти,
  • Добро познавање на англискиот јазик (усно и писмено),
  • Познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност,
  • Одлично познавање на работа со MS Office,
  • Аналитичност, објективност, тимски работник,
  • Систематичност, организираност, иницијативност.

 

Одговорности и работни задачи:

  • Прием на дојдовни телефонски повици од клиенти, остварување на комуникација со нив и пружање услуги и телефонска подршка на клиентите,
  • Работа со документи во back office,
  • Континуирано учење на техничките карактеристики и функционирањето на аудио/видео опремата, ИТ опремата и бела техника.

 

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим,
  • Континуирана обука,
  • Работно време: 40 часа неделно.

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: “Телефонски оператор за корисничка поддршка”

Огласот е активен до 28.01.2018 година

 

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот),
  • Назнака на позицијата за која се аплицира.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »