РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - КРИВА ПАЛАНКА

  • Објавен пред една недела
  • Нептун Македонија
  • Активен до 13.09.2019
  • Позиција: Продавач/трговец
  • Локација: Крива Паланка

Активни огласи од Нептун Македонија:

ДОСТАВУВАЧ - Битола - РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - Прилеп

НЕПТУН е дел од најголемата инвестициска групација на Балканот – Балфин Груп, распространета во земјите на Балканот и Југоисточна Европа со инвестиции од областа на малопродажба, недвижности, енергетика, туризам, образование, градежништво и банкарство. Со годишен обрт од 500 милиони ЕУР и 5.000 вработени во сите компании, Балфин Груп претставува влијателен и активен учесник во економскиот раст и развој во регионот.

 

Нептун Македонија претставува водечка и најголема малопродажна и дистрибутивна мрежа за производи од потрошувачка електроника, со повеќе од 20 годишно присуство на македонскиот пазар и над 400 вработени. Нашата уникатност, препознатлив имиџ и вредностите кои ги претставуваме се широко прифатени помеѓу потрошувачите. Поради понатамошен развој на своите операции и проширување на тимот, распишуваме оглас за вработување на:

 

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

со место на вршење на работните задачи во Крива Паланка

 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • ССС;
  • Поседување одлични комуникациски и вештини за продажба
  • Претходно работно искуство во продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet Explorer;  
  • Познавањето на англиски јазик ќе се смета за предност;
  • Позитивен став, тимски дух, желба за учење и постигнување успех

 

Одговорности и работни задачи:

  • Услужување на купувачите и продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема
  • Работа со документи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон
  • Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба
  • Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон

 

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука и можност за напредување
  • Можност за остварување на дополнителен продажен бонус и наградувања
  • Работа во смени, вкупно 40 часа неделно

 

Доколку сакате да станете дел од успешна компанија која вложува во развој и унапредување на своите вработени, чиј приоритет е квалитетна услуга и задоволни купувачи, испратете ја Вашата кратка биографија на e-мail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака:  “Оглас за продавач во Крива Паланка” или преку пополнување на веб апликацијата.

Огласот е активен до 13.09.2019

  

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

КЛИКНИ