Проценител на штети

За компанијата: Друштво за осигурување. Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа. Групацијата... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје, како дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е присутна со 40 Друштва за осигурување во рамките на 18 Држави во Европа, има потреба од Проценител за штети во рамките на Секторот за штети, во Дирекцијата на Друштвото лоцирана во Скопје на бул.Илинден број 1 .

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Комуникација со клиенти
  • Увид на штети на возила, комплетирање на досие за штети согласно законските рокови и Правилниците и Упатствата на Друштвото
  • Проценка на штети на моторни возила
  • Членување во Комисии и работни тела на Друштвото

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Средно или високо образование
  • Познавање на моторни возила и делови на моторни возила
  • Познавање на работа со компјутери
  • Организациски вештини и тимска работа

НУДИМЕ

  • Избраниот кандидат ќе работи со полно работно време од понеделник до петок
  • Работа во современи работни услови
  • Можност за напредување и усовршување

Сите заинтересирани кандидати да го пратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 14.01.2022 година .

Со праќање на Вашето CV, сметаме дека сме согласни да ги чуваме и обработуваме Вашите лични податоци .

Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат барањата, нема да бидат разгледувани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »