
За компанијата: Повеќе од 70 години градиме компанија која цени знаење, напорна работа и посветеност. Со седиште во Скопје, Северна Македонија прераснавме во компанија која има светска мрежа на задоволни клиенти и клиенти...
повеќе за компанијата »Компанијата Раде Кончар - Контактори и релеи - Скопје има потреба од машински техничар/инженер за работна позиција:
Координатор на одделението за конструкција, изработка и одржување на алати.
Образование, искуство, вештини:
- ССС/ВСС од Машинска струка;
- 3 годишно искуство во производство и изработка на алати
- Познавање на 2D/3D програми ( Solidworks , Catia , Autocad ) за конструкција на алати;
- Искуство во програмирање машини за работа со CNC ;
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности;
- Познавање на англиски јазик
- Поседува организациски способности
- Тимско работење и кооперативност
- Висок степен на одговорност и ефективност во извршувањето на задачите
Работни задачи и одговорности:
- Координира , планира , организира и го контролира целиот процес за конструкција и изработка на алатите
- Поставува , одржува и ракува со CNC машините;
- Учествува во креирањето на потребите за одделението, како и набавките на материјали и алати за изработка на алатите
- Секојдневно известува за планираните/постигнатите цели према зададениот план
- Работи во CAD програм и прави проверка на зададени параметри согласно барањата од производството.
- Врши изработка за барани дизајни;
- Прави програми за CNC (глодање на HAAS) ;
Плата по договор .
Работниот процес се извршува во една работна смена, од 07.30 - 15.30часот, од понеделник до петок.

Слични огласи »