Специјалист за техничка поддршка на германски јазик

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Дали знаеш дека работата во телекомуникациска компанија е интересна и динамична работа која нуди бескрајни можности за напредок како на лично така и на професионално ниво? Замисли го својот работен ден во кој корисници од различни страни на светот те контактираат и им е потребна твојата помош за да ги добијат потребните инфомации или, едноставно, да решат некоја ситуација. Можеби им е потребно подобрување на услугата што ја користат, можеби сакаат да ја продолжат, но во секој случај треба да те исконтактираат тебе, и затоа те бараме како засилување во нашиот тим!


Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата од 43.000 денари
  • Договор за вработување
  • Платена обука
  • Месечен систем за наградување
  • Бонуси за препораки на пријател

  • Пријатна и динамична работна атмосфера

  • Можност за личен и професионален напредок - новиот тим штотуку се формира и ќе бидат потребни идни лидери

  • Можност за стекнување меѓународно искуство во текот на кое ќе запознаеш многу колеги од целиот регион

 

Придружи ни се како Специјалист за техничка поддршка на германски јазик

Комуникацијата со корисниците во еден твој работен ден би го вклучувала следново:

  • Усна комуникација на германски јазик со корисниците на телекомуникациската компанија

  • Одговарање на дојдовни повици и сослушување на барањата и потребите на корисниците

  • Обезбедување на професионална техничка поддршка за решавање на одреден технички проблем поврзан со интернет или фиксна линија

  • Давање на насоки и совети за подобрување на услугата која корисниците ја користат или на која се претплатени

  • Проценување на потребите на корисниците и промоција на соодветна понуда која ќе ги задоволи истите

 

Што бараме?

  • Одлично познавање на германскиот јазик (зборување и пишување)
  • Основно познавање на компјутерско работење
  • Одлични комуникациски вештини
  • Личност која ужива да работи од удобноста на својот дом
  • Љубопитност и желба за учење на нови работа
  • Способност за тимска работа и работа во динамично опкружување
  • Желба за подобрување и развивање на себеси од личен и професионален аспект
  • Претходно работно искуство со корисничка поддршка/продажба

 

Доколку си заинтересиран/а и сакаш да дознаеш нешто повеќе, аплицирај веднаш на следниов линк: https://cityconnectnorthmacedoniatranscom.recruitee.com/o/skopje-110 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »