Оператори на машина

За компанијата: Американската компанија ,,АРЦ Аутомотив’’ е светски производител кој произведува целосна програма на автомобилски инфлатори за воздушни перничиња (возач, патници, странични завеси). Компанијата има 60 -годишна историја. повеќе за компанијата »

ARC автомобилската индустрија, АД е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Со 60 годишно искуство  на дизајн, експертиза и технологија, ARC е посветена на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи

АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје бара да вработи:

Оператори на машина

Оператор на машина ќe биде дел од тимот на производство. Преку дефинирани задачи, ќе придонесува за оптимално функционирање на целиот процес на производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња со целосно ангажирање за заедничко извршување на задачите и грижа за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа. Притоа треба да развива добри односи со вработените и  да биде отворен за нови знаења.

Работата се извршува во смени.

Квалификации на кандидатите:

  • IV степен на стручна подготовка (техничко училиште), Работно искуство од 1 до 3 години во производствена средина
  • Способност да ги разбира да ги следи и применува инструкциите во процесот на производство
  • Висока посветеност на постигнување на бараниот квалитет на производот
  • Да ракува со производствените машини со бараната стапка на продуктивност

Конкурентски предности:

  • Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
  • Организациски способности
  • Динамичност, мотивираност, иницијативност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Тимско работење и кооперативност

Кандидатите треба да ја приложат следнава документација:

  • Мотивациско писмо за аплицирање на огласот
  • Биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Дополнителни дипломи и сертификати

Кандидатите треба да ги исполната и општите услови предвидени со Закон. Со Вашето доставување на CV се согласувате Вашите податоци да бидат задржани во нашата база во период од 12 месеци

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување .

Документите треба да се достават до „АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со назнака за Оператор на машина до Сектор за управување со човечки ресурси Скопје, или на емаил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »