Бренд Маркетинг Специјалист (реон: Куманово)

За компанијата: „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година, во рамки на компанијата се отворени и подружниците Алфи Техноцентар во Куманово, која постои 13... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

АЛФИ БИ КОМПАНИ“  е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална  приказна веќе 30 години.
Лоцирани сме во Куманово и Скопје, поради успешната работа и зголемената продажба нашиот тим продолжува континуирано да расте.

Визијата и целите на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е да ги задоволи потребите на сите купувачи, дури и на оние кои имаат специфични побарувања. Постојано инвестираме во трговскиот капацитет со цел да ја зголемиме комфорноста на нашите ценети купувачи.  Нашата основна цел и препознатливост се добрата услуга и врвниот квалитет на производите кои ги нудиме.

Нашите вработени се движечката сила и затоа се стремиме континуирано да вложуваме и инвестираме во чивечките ресурси.

Тимот на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е препознатлив по својата учтивост, љубезност, услужливост и пријатниот однос со секој потрошувач!

Вработуваме:
Бренд Маркетинг Специјалист во Куманово 

Доколку сте:

  • Амбициозни,
  • Енергични,
  • Посветени во работењето,
  • Претпазливи и внимателни во процесот на работа,
  • Сакате да научите повеќе и континуирано да се усовршувате,
  • Позитивни и подготвени за тимска работа,

Тогаш Вие сте вистинскиот кандидат кој го бараме да ни се придружи во тимот и заедно да остваруваме успеси!

Што бараме?

  • Развивање на маркетинг и ПР стратегија во согласност со целите на компанијата 
  • Изработка на план за неделни промоции, месечни, квартални и негово следење
  • Организација и способност за управување со повеќе различни проекти одеднаш и исполнување на задачите во даден рок
  • Креирање, организирање, координирање, имплементација и следење на онлајн и офлајн маркетинг кампањи 
  • Развивање и унапредување на Програмата за Лојалност
  • Истражување на пазарот и таргет групите и постојано подобрување на маркетинг техниките
  • Управување со социјални мрежи, контент, дигитален маркетинг и менаџирање
  • Соработка со визуелните мерчендајзери околу имиџот на продажните објекти и излози со цел унапредување на стандардите и изгледот на малопродажните салони
  • Комуникација со надворешни сооработници и добавувачи на услуги поврзани со дејноста (агенции, промотери, фотографи, медиуми, новинари и новинарски агенции).

    Обезбедуваме:

  • Редовни месечни примања
  • Професионален амбиент
  • Регрес за годишен одмор 
  • Минат труд 
  • Бонус за препорачан пријател
  • Обука за воведување во работен процес
  • Редовни обуки согласно стандардот ISO 9001:2015
  • Можност за кариерен развој 

Вашето резиме (CV) доставете ни го на h [најави се за да го видиш е-маилот] , со ознака „Бренд Маркетинг Специјалист (Куманово) “ - Можете да не исконтактирате и на телефонскиот број 076/448/505

* Сите кандидати ќе бидат исконтактирани
* Сите апликации се третираат со доверливост

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »